Friday, October 6, 2017

Живеалиште

Image result for живеалиште cartoon
Живеалиштето на одреден вид ја опишува животната средина каде одредени видови најчесто можат да се јават и видот на заедницата која се формира како резултат на тоа. Поконкретно, живеалиштата се дефинираат како региони во животниот простор кој се состои од повеќе димензии, а секоја од тие димензии претставува биотска или абиотска променливa на животната средина т.е. секоја компонента или карактеристика на животната средина која директно (на пример, фуражната биомаса и квалитет) или индиректно (на пр. височината) се поврзува со употребата на дадена локација од животното. На пример, живеалиштето може да биде во водна или земјина средина која понатаму може да се категоризира како планински или алпски екосистем. Промените на живеалиштата обезбедуваат важен доказ за конкуренција во природата, каде што една популација се променува во однос на живеалиштата кои ги зафаќаат повеќето други поединци на видови. На пример, еден популацијата на видот тропски гуштери (Tropidurushispidus) има зарамнето тело во однос на гуштерите кои живеат во отворени савани. Популациите кои живеат во изолирана капреста средина се кријат во пукнатини каде нивните срамнети тела им овозможуваат селективна предност. Ваквите адаптибилни промени поврзани со местото на живеење, исто така се присутни во текот на историјата на животниот развој на водоземци и инсекти кои преоѓаат од водни во копнени живеалишта. Термините биотоп и живеалиште понекогаш се поистоветуваат, но првиот се однесува на животната средина на заедницата, а другиот се однесува на животната средина на видовите.

No comments:

Post a Comment

Мрежа на исхрана

Мрежата на исхрана е архетипска еколошка мрежа. Растенијата ја собираат сончевата енергија и ја користат за синтеза на едноставни шеќери во...