Friday, October 6, 2017

Биосфера

Биосфера е најголемиот размер на еколошка организација: вкупниот износ на екосистеми на планетата. Еколошките односи го регулираат се до планетарни размери приливот на енергија, хранливи материи и климата. На пример, динамичната историја на планетарниот состав на CO2 (јаглероден диоксид) и О2 (кислород) биле под влијание на биогениот флукс на гасовите кои доаѓаат од дишењето и фотосинтезата, чии нивоа со текот на времето се менуваат во однос на екологијата и еволуцијата на растенијата и животните. Еколошката теорија исто така се користела за да се објаснат само-иницираните регулаторни феномени во планетарни размери. На пример, Геја хипотезата е пример за применет холизам во еколошката теорија. Во Геја хипотезата се вели дека метаболизмот на живите организми условува појава на повратен циклус што ја одржува температурата на Земјата и атмосферските услови во тесен саморегулирачки опсег на толеранција.Image result for биосфера

No comments:

Post a Comment

Мрежа на исхрана

Мрежата на исхрана е архетипска еколошка мрежа. Растенијата ја собираат сончевата енергија и ја користат за синтеза на едноставни шеќери во...