Friday, October 6, 2017

Биодиверзитет

Биодиверзитетот (скратено од "биолошката разновидност") ја опишува разноликоста на животот од гените до екосистемите и го спојува секое ниво на биолошката организација. Терминот има неколку толкувања и постојат повеќе начини да се одреди, измери, карактеризира и претстави неговата комплексна организација. Биодиверзитетот ги вклучува видовата разновидност, разновидноста на екосистемите, генетската разновидност и сложените процеси во и меѓу овие поединечни нивоа. Биодиверзитет има важна улога во еколошкиот интегритет исто колку што има и во човековото здравје. Спречувањето на видовото изумирање е еден начин да се зачува биодиверзитетот, но факторите, како што се генетската разновидност и миграциските правци се подеднакво важни и загрозени во глобални размери. Приоритетот за зачувување и техниките за управување бараат различни пристапи и сфаќања за да го опфатат целиот еколошки обем на биодиверзитетот. На пример, миграцијата на популациите и видовите се индикатори за екосистемските услуги кои го одржуваат и придонесуваат за градење на природниот капитал од кој зависи благосостојбата на човештвото. Разбирањето на биодиверзитетот има практична примена во планерите кои се насочени кон зачувување на екосистемот зошто тие донесуваат еколошки одговорни одлуки во препораките за управување во консалтинг фирмите, владите и индустриите. За да се зачува биолошката разновидност утврдени се заштитени подрачја кои влегуваат во мрежата за заштитни подрачја низ целиот свет.Image result for биодиверзитет

No comments:

Post a Comment

Мрежа на исхрана

Мрежата на исхрана е архетипска еколошка мрежа. Растенијата ја собираат сончевата енергија и ја користат за синтеза на едноставни шеќери во...