Мрежата на исхрана е архетипска еколошка мрежа. Растенијата ја собираат сончевата енергија и ја користат за синтеза на едноставни шеќери во текот на фотосинтезата. Како што растенија растат тие акумулираат хранливи материи и подоцна служат за исхрана на тревопасните животни. Така енергијата преку исхраната се пренесува на синџир на организми. Поедноставни линеарни патишта на исхрана кои од првичните трофични видови се движат се до врвот на консументите се нарекува синџир на исхрана. Пространиот образец од меѓусебно испреплетени синџири на исхрана во еколошка заедница создаваат комплексни мрежи на исхрана. Мрежите на исхрана се еден вид на концептуална мапа или хеуристичен уред кој се користи за илустрирање и изучување на патеките на движење на енергијата и материјалот.
Мрежите на исхрана често се ограничени во однос на реалниот свет. Целосните емпириски мерења се обично ограничени на конкретно живеалиште, како на пр. една пештера или едно езерце, а заклучоците се изведени од микрокосмичките студии на мрежите на исхрана на поголемите системи. Односите на исхрана бараат обемни истражувања на содржината во цревата на организмите што е потешко да се изведе па затоа најчесто се користат стабилни изотопи за пронаоѓање на протокот на хранливи материи и енергија преку мрежата на исхрана. И покрај овие ограничувања, мрежите на исхрана имаат важна улога во разбирањето на заедниците на екосистемите.Мрежите на исхрана покажуваат принципи на еколошки појави преку природата на односите на исхрана. Некои видови имаат многу слаби хранителни врски (на пример, сештојади), додека некои се поспецијализирани со неколку посилни хранителни врски (на пример, примарни предатори). Теоретски и емпириски студии идентификуваат не-случајни обрасци на неколку силни и многу слаби врски во кои се објаснува како еколошките заедници остануваат стабилни во текот на времето. Мрежите на исхрана се составени од подгрупи каде членовите во една заедница се поврзани со силни интеракции, а слабите интеракции се јавуваат помеѓу подгрупите. Ова ја зголемува стабилноста на мрежата на исхрана. Линиите или односите се формираат чекор по чекор се додека не се илустрира мрежата на животот.